Свет

Американски носач на авиони со себе носи најмалку 25 заразени од вирусот Корона

US Navy to test entire aircraft carrier crew for coronavirus ...

ПЕНТАГОН објави дека бројот на заразени морнари на носачот УСС Теодор Рузвелт се зголемил од три на 25 за само два дена.

Американската морнарица очекува натамошно зголемување на овој број, а некои аналитичари сметаат дека Стејт департментот не сака да ги каже вистинските бројки на заразени бидејќи Кина и Северна Кореја би можеле да ја искористат ранливоста на бродот за воени маневри. Бродот, во кој има 5.000 членови на екипажот, под итно ќе вплови во пристаништето на американската територија Гуам, но на никој од морнарите нема да му биде дозволено да го напушти пристаништето.

Не е познато точно како вирусот се нашол на носачот, но тој најверојатно бил донесен од еден од морнарите за време на престојот во Виетнам каде пред две недели бил вкотвен Теодор Рузвелт. Морнарицата работи напорно за да ги одведе заразените војници од бродот, а Пентагон вели дека целата екипа ќе биде тестирана што е можно поскоро.Во моментов во американската војска има 280 заразени од вирусот Корона , од кои 133 се во морнарицата. Пентагон во средата нареди 60-дневна забрана за американските трупи да заминуваат на мисии светот.

Loading...

Related posts

Leave a Comment