Свет Фудбал

Баерн го казни Кимих со 800000 евра, поради одбивање да се вакцинира

„Билд“ објави дека Баерн нема да му исплати плата на својот фудбалер Џошуа Кимих за периодот што ќе мора да го помине во карантин бидејќи одбива да се вакцинира.

Баерн се реши за конкретни санкции, па на Кимих ќе му бидат одземени околу 800 илјади евра од вкупната годишна плата бидејќи неговите одлуки наводно го загрозиле успехот на клубот.

Да потсетиме, Кимих беше елиминиран во четвртокот попладне како опција за мечот со Аугсбург, а Баварците го загубија натпреварот со 2:1. Кимих беше откажан затоа што некој со кој бил во близок контакт имал коронавирус, а тој не бил вакциниран, па автоматски морал да биде ставен во карантин.

Спорт 1 денеска го објави главниот коментар на вестите на својот новинар Пит Готшалк под наслов „Честитки до шефовите на Баерн“, во кој, јасно од насловот, Готшалк ја пофали одлуката на баварскиот клуб.

„Доколку е вистина она што го пишува Билд, на газдите на Баерн може само да им се честита на одлуката. Задржувањето пари од нивните плати е веројатно најјасниот јазик за фудбалери како Кимих, кој поради своите глупави причини не сака да се вакцинира и го загрозува успехот на клубот.  Во исто време тие заработуваат милиони од клубот и потоа велат дека нешто што влијае на добросостојбата на целиот клуб е приватна работа.  Баерн ги чувствува последиците од таквото его-трип и го трпи резултатот“, пишува германскиот новинар и додава:

„Фудбалерите треба да бидат благодарни на Федерацијата и на политиката што им дозволија да продолжат да играат нормално во екот на пандемија. Нивните финансиски загуби се минимизирани, додека некои други луѓе се плашат за егзистенција поради економските последици од пандемијата. Вакцинацијата не треба повеќе да биде приватна работа,“ продолжува Готшалк во нацистички манир.

Очигледно ниту спортот веќе не е поштеден од притисоци и прекршување на основните човекови права на избор.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!