Свет

БАРСЕЛОНА НА НОЗЕ, 600 000 ЛУЃЕ НА УЛИЦА: Сецесионистите не се смируваат, бараат отцепување на Каталонија (ФОТО, ВИДЕО)

 

Стотици илјади граѓани кои ја поддржуваат сецесијата на Каталонија се собраа во Барселона за да го прослават празникот на Шпанија, само неколку недели пред очекуваната пресуда во случајот со 12 водачи на сепаратистичкото движење.

Поддржувачите на отцепувањето на Каталонија дошле од сите делови на тој богат шпански регион до неговиот главен град, пренесува АП.

 

Многумина донесоа знамиња и носеа маици со пораки за поддршка за независност на Каталонија на митингот што се одржа на еден голем градски плоштад.

На 11 септември се одбечежува падот на Барселона во војната за шпанското наследство од 1714 година.

Од 2012 година се организираат масовни собири на каталонското сецесионистичко движење.

Според проценките на полицијата, 600.000 луѓе се собрале денес во Барселона на настанот.

Анкетите и последните резултати од изборите покажуваат дека 7,5 милиони жители на регионот се приближно поделени меѓу оние што се за поддршка и оние кои се против отцепување од Шпанија.

Овој собир годинава доаѓа откако повеќе од десет Каталонски лидери,кон крајот на овој месец,ја чекаат пресудата на Врховниот суд , под обвинение за бунт,под закана со неколку години затвор доколку бидат прогласени за виновни.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!