Свет

БРИТАНЦИТЕ „ГО МОЛАТ БАЈДЕН“: Одложете го датумот на руската инвазија врз Украина, не ни одговара

Boris Johnson laments G-7 'media circus' as grinning Biden looks on

Читателите на британските медиуми со потсмев ги коментираа извештаите дека американскиот лидер Џозеф Бајден за време на телефонскиот разговор со партнерите од ЕУ и НАТО рекол дека руската инвазија на Украина ќе започне на 16 февруари.

– А во кое време во среда?, напиша во коментар еден од читателите на „Дејли мејл“.

– Дали си сигурен дека е среда? Што не во четврток или петок?, коментира друг.

– Не можам во среда. Четврток или петок повеќе ми одговара, но во секој случај би било добро да го завршам до викенд или: – Путин не може да нападне во среда, морам да одам на фризер, ова се само дел од коментарите.

Читателите не ги заборавија претходните случаи кога американското раководство даваше изјави без докази.

– Ова се истите информации што ги имаа Американците за Ирак?, се прашува еден од нив.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!