Свет

Во јуни започнува тестирањето на руската вакцина против короната на луѓето!

Why Russian trolls stoked US vaccine debates | FOX2now.com

Се очекува тестирањето на прототипот на вакцина против вирусот корона кај животните да биде завршен кон крајот на април, а пробата врз луѓето ќе почне во јуни, изјави генералниот директор на Новосибирскиот вектор на Државниот центар за истражување за вирусологија и биотехнологија Ринат Максјутов во документарниот филм “Опасен вирус”, кој беше емитувана на ТВ Росија-1.

Според него, тестовите врз глувци и ласици завршиле, а наскоро ќе започнат испитувања врз пониски примати, пренесува ТАСС.

„Планираме да го завршиме тестирањето врз животните до крајот на април, а потоа да преминеме на предклинички студии во кои се вклучени луѓе, при што пробите врз луѓе ќе започнат во јуни“, додаде Максјутов.

Досега се потврдени вкупно 4.731 случаи на корона вирус во Русија, при што 333 пациенти се опоравиле од вирусот. Според најновите податоци, имало 43 смртни случаи во таа земја.

Loading...

Related posts

Leave a Comment