Регион

Вучиќ: Додека сум жив,странците нема да одредуваат кој ќе владее во Србија

 

Претседателот на СНС и актуелен претседател на Србија, Александар Вучиќ, на седницата на Главниот одбор на неговата партија,рече дека „додека е жив“, нема да има привремена влада, ниту пак  странци, рече тој, ќе одлучуваат за формирање влада. 

Додека сум жив, само народот ќе одлучува кој ќе биде на власт, рече Вучиќ, прецизирајќи дека нема да има техничка влада, туку само национална, а ниту странците нема да одлучуваат кој ќе владее во Србија.

Вучиќ рече дека Чедомир Јовановиќ и Бошко Обрадовиќ се обединиле околу една идеја, во еден ден.

Тие велат „ајде, Вучиќ, ти со  твоето мнозинство гласајте за техничка влада, по примерот на Македонија“, рече тој во врска со предлогот на овие двајца опозициски политичари да формираат преодна техничка влада.

„Додека сум жив, нема да има преодни влади, туку влада на народот, само народот ќе одлучи кој ќе владее. Криминални варијанти во кои на власт сакаат да дојдат криминалци без глас на народот,не се можни  додека сум жив“, рече Вучиќ, додавајќи дека Србија „нема да има Боки 13“.

“Додека сум жив, ќе ги бранам Уставот и оваа земја. Кога ќе добиете доверба од народот, тогаш можете да владеете. Без народот на власт, арамии, не може! Колку гласови имате, Чедомир? Колку гасови имате Обрадовиќ ?” Нема власт без избори.Ако народот ви даде глас, тогаш можете да бидете на власт “, рече Вучиќ.

Според него, ниту еден претставник на странска земја нема да регулира кој ќе владее во Србија.

„Вие, странците сте добредојдени, наши драги гости, но да ја рушите Србија, да управува оној кој нема национална доверба – сиктер! Нема ништо од тоа. Србија ќе ја зачува својата слобода, независност и суверенитет“, рече Вучиќ. 

Related posts

Leave a Comment