Свет

Германија сака да купи 30 милиони дози од вакцината Спутник В.

БЕРЛИН – Германија сака да купи до 30 милиони дози на руската вакцина „Спутник V“ против ковид-19 во јуни, јули и август, изјави денеска премиерот на германската покраина Саксонија, Михаел Кречмер. Предуслов за тоа, како што додаде, е Европската агенција за лекови да даде одобрение за неговата употреба. Претходно овој месец, германскиот министер за здравство Јенс Спан изјави дека Германија преговара со Русија за прелиминарен договор за набавка на вакцината „Спутник V“, потсетува Ројтерс и пренесува Танјуг.

Related posts

Leave a Comment