Свет

Движење РУСОВ : Признавањето на Крим како дел од Русија од страна на меѓународната заедница е само прашање на време!

На 18 март 2020 година, жителите на Крим, заедно со останатите граѓани на Русиjа, го празнуваа новиот незаборавен датум (Денот на соединувањето на Крим со Русиjа). Збиднувањата кои се случиjа во март 2014 година, судеjќи според вестите на светските новински агенции, беа полна неочекуваност за европските и американските политички елити.

Сеедно, и после шест години западните политичари, експертските кругови и мнозинството новинари, продолжуваат да дискутираат на тема – кримскиот референдум, иако сеуште немаат за цел да ги проучат и осознаат длабоките причини, кои ги мотивираа жителите на регионот да се решат на ова важно решение. Но, како што покажуваат искуствата, во современата историjа на човештвото можат да се наjдат многу примери со слични деjства, кои не предизвикаа негативни реакции во Вашингтон, Брисел и останатите европски престолнини, како што беше во време на кримските случувања мартот 2014 година.

Општо познат е фактот, САД и европските престолнини не сакаат да одговараат (претпочитаат да ги затвораат очите) на неприjатните прашања во врска нивните, или на нивните соjузници, нарушувања на принципите од меѓународното право. На пример, анексиjата од страна на Израел на Голанската висорамнина во 1967 година ,Маjоти од Франциjа во 1976 година, Западна Сахара од Кралството Мароко во 1979-тата, потоа воените операции на Велика Британиjа на Фолкландските Острови во 1982 година. Се разбира, значително количество политичари и меѓународни експерти, денес со право можат да забележат, наброените збиднувања го привлекле вниманието на СБ при ООН, но, за разлика од Крим, не довеле до сериозни меѓународни последици.

Меѓународното Признавање на Крим Како Дел од Русија е Само Прашање на Време – Движење РУСОВ!

Иако, на современава етапа од развиток на европската цивилизациjа, постои еклатантен пример – (нелегитимното) признавање независноста на Косово од страна на САД во 2008 година, без почитување на резолуциjата No 1244 од 10 jуни 1999. Конкретното еднострано решение создаде опасен преседан – грубо нарушување на основните принципи во меѓународното право – неменување на границите и териториjалниот интегритет на државите на сметка дневната воено-политичка коњуктура.

Во врска со ова, би рекле, логиката и здравата смисла требало да ги предупредат современите политичари, како и разнородните оратори и новинари од невнимателното користење на терминот “анексиjа” во сопствените анализи и, дотолку повеќе, при носењето одлуки сврзани за решениjата во меѓународните проблеми. Премногу апстрактната и еднострана интерпретациjа на поимот “анексиjа” од страна на колективниот Запад, го доведе во заблуда jавното мислење при носење оценка за кримските случувања, а од друга страна, jа потврди сопствената неделикатност во решавањето кризни ситуации од таков вид. Кога се знае ова, може ли со сигурност да се тврди: кримските случувањата во март 2014 година биле програмирана анексиjа и воедно грубо нарушување на нормите од меѓународното право?

Еден од ретките Европjани, коj непристрасно и што е уште поважно легалистички ги оцени кримските случувања, беше познатиот германски специjалист во областа – филозофиjа на правото – професор на хамбурскиот универзитет, Раjнхард Меркел, коj во весникот FRANKFURTER ALLGEMAINE ZEITUNG публикувал статиjа со наслов: Отрезнувачка ирониjа на историjата. Во неа, авторот доволно jасно и логично ги оценил деjствиjата на сите страни инволвирани во конкретната конфликтна ситуациjа, и извлекол заклучок дека врз основа на нормите од меѓународното право: настанот во Крим претставува “сецесиjа” т.е. – прогласување државна независност со посредство на плебисцит организиран од жителите на регионот, после огласување на резултатите од народениот референдум следуваше нивнна молба за присоединување на Крим кон Русиjа.

Притоа, деjствата на Москва не биле насочени кон жителите на регионот како етничка, културна или по некоjа друга основа при носење на референдумската одлука, со што би ги принудиле жителите за гласање на ,,точното,, решение. Сите превентивни операции биле насочени исклучиво кон украинската армиjа, како субjект, способен за употреба на сила во попречување при изразувањето на народната волjа.

Мы проигнорировали митинг за присоединение Крыма, так как это ...

Многумина политичари и меѓународни експерти и замеруваат на Русиjа за брзото признавање на кримската независност, коjа не го дочека меѓународниот консензус по ова прашање , а превземените контра мерки од САД и ЕУ ги прифати како остра реакциjа на своето решение. Се разбира, бесконечно долго може да се полемизира толкувањето на меѓународните правни норми: сецесиjа, анексиjа, агресиjа, и односот на современите држави кон специфичноста за нивна примена.

Сепак, треба да се запрашаме како би постапиле САД, Германија, Франциjа, Полска, или други држави во слична ситуациjа? Навистина ли, безусловно би ги следеле нормите на меѓународното право , решението на СБ при ООН и меѓународен консензус? Сеуште се сеќаваме на ,,светлите,, примери за делбата на Чехословачка, Косово или Ирак, кои говорат самите за себе. Кога се имаат предвид ваквите примери, обвинувањата кон Москва за “анексиjата” на Крим изгледаат прекумерно политизирани, неосновани од аспект на меѓународното право.

Во тоj случаj, политичарите, дипломатите, меѓународните експерти со тек на време би требало да заклучат дека без оглед на санкциите и разно-разните ограничувања, Москва нема никогаш да се откаже од Крим, а САД, ЕУ и нивните соjузници ќе мора да се помират со новата парадигма во меѓународните односи и да започнат со возобновување на контактите со Русиката Федерациjа, но, не од позициjа на сила, а како партнер, заинтересиран за меѓусебна соработка.

Се разбира, фактот за признавањето на Крим како дел од РФ, засега е потврден само од седум држави : Никарагва, Венецуела, Куба, Авганистан, Сириjа, Северна Кореjа и Судан, и може да изгледа несуштествено во меѓународните односи.

Но, не треба да се запоставува реалноста при коjа многу држави кои нееднократно гласале против резолуциjата на Генералното Собрание при ООН No-A-RES-68-262 од 27.03.2014 година за поддршка на суверенитетот и териториjалниот интегритет на Украина , меѓу кои и држави – членки Инд на G20 како: JАР, Индиjа, Иран и КНР, посредно jа поддржуваат РФ во присоединувањето на Крим.

Журналист — о том, почему жители Крыма отбили у него желание ...

Треба да се напомене, во последно време САД, како и во некои држави од ЕУ, се почесто се слушаат апели за неопходноста; ако не го признаваат Крим како териториjа на РФ, тогаш како минимум – да се укине санкциониот режим и возобнови целосен диjалог со Москва. Така, поранешниот американски дипломат, Денис Ортблади, член на компаниjата за консалтинг (Pricewaterhouse Coopers) после посетата на Крим публикувал статиjа во Nationall Interest cо наслов – 3 steps to reserving the Russian relationships? – во коjа што забележал; признавањето на Крим од страна на САД е неопходен чекор на патот за подобрување на билатералните односи. Идентичен став во своjата статиjа (Постоjат десет причини за признавање на Крим како руски) во Nationall Interest изразува и проф. Лајл Голдштаjн; признавањето на кримските референдумски резултати ќе помогне во решавањето на внатрешниот конфликт во Украина. Исто така, актуелниот француски претседател, Емануел Макрон, придржуваjќи се кон сопствениот либерален дискурс ,во интервjуто за The Economist го отвори прашањето за безалтернативна соработка на ЕУ со РФ, особено сега, во ерата на економската експанзија на Кина.

Сепак, додека политичарите и дипломатите живеат во заробеништво на сопствените заблуди и фобии , се поактивна е т.н. ,народна дипломатиjа, коjа иако можеби неосознаено , формира основа за идните контакти на официjално ниво. Во полза на оваа теза елоквентно збоуваат многуброjните посети на странски политичари , уметници , новинари и обични граѓани на Крим. Така, започнуваjќи уште од 2015 година, Крим го посетиле јавни личности како: поранешниот премиер на Jапониjа Jукио Хатоjама , поранешниот премиер на Италиjа Силвио Берлускони, парламентарните групи од Европарламентот и собранието на Франција возглавена од копретседателот на асоциjациjата Франко- руски диjалог Тери Марjани, парламентарци и деловни луѓе од пет италијански региони (Венето, Лигуриjа, Ломбардиjа, Тоскана, Емилиjа-Романа) предводена од пратеникот на парламентот на Венециjа Стефано Валдегамбери, и многу други групи и личности. Ваквите посети сведочат за изменетиот однос на претставниците од поедини земjи за прашањето на статусот на Крим како дел од Руската Федерациjа, неизбежното признавање на овоj факт, и неопходноста на воспоставување на полноцени контакти со Москва, како крупен играч за ефикасно реагирање на современите предизвици и закани како што се: меѓународниот тероризам, Ковид-19, климатските промени, …

Притоа, позициjата – непризнавање на Крим, коj веќе правно и фактички е субjект на Руската Федерациjа, ќе создава дополнителни пречки во ускладувањето на заедничкото делување во овие правци.

Совет на лидери при одделението на Меѓународното општествено- политичко движење – Руско- Славjанско обединување и возродување.

Loading...

Related posts

Leave a Comment