Македонија

Девојче (14) прва жртва од сезонскиот грип во Македонија

 

Девојче на возраст од 14 години е првата жртва од сезонскиот грип во Македонија.

Информацијата  со јавноста ја сподели епидемиологот Гордана Кузмановска.

Како што таа рече , покрај грипот, девојчето боледувало и од други болести.

Кузмановска посочи дека изминатата недела во државава се регистрирани 3.614 заболени од грип што е зголемување за 27,9 отсто споредено со неделата пред неа кога биле регистрирани 2.825 заболени.

Меѓу заболените има и потешки случаи и најчесто тоа се мали деца, лица со хронични заболувања и повозрасни лица.

Loading...

Related posts

Leave a Comment