Свет

Домот на лордовите му го зададе завршниот удар на Џонсон

 

Домот на лордовите на британскиот парламент денес го одобри нацрт-законот, чија цел е спречување на Брегзит без договор, поразувајќи го премиерот Борис Џонсон.

 

Законот за одложување на излезот на земјата од ЕУ, закажан за 31 октомври, претходно беше одобрен од страна на Долниот дом.

Во понеделник, Долниот дом ќе расправа за сите измени направени од лордовите, а најавено е дека сите фази низ кои мора да помине законот ќе завршат до петок.Предлог-законот предвидува краен рок за премиерот до 19 октомври да обезбеди мнозинство гласови во парламентот или  да добие подршка за планот на Велика Британија за излез од Европската унија без договор.Откако ќе истече овој рок, ќе треба да побара од Европската унија да го продолжи рокот за излез на Велика Британија до 31 јануари 2020 година.

 

Related posts

Leave a Comment