Свет

Доналд Трамп, ја објави својата кандидатура за изборите во 2024 година

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, ја објави својата кандидатура за изборите во 2024 година во интервју за Кендис Овенс.

Тој  на конзервативниот новинар му одговори дека „ја следи ситуацијата“ на прашањето дали ќе се обиде уште еднаш да влезе во Белата куќа.

„Како што знаете, сè уште е рано“, рече Трамп во телефонското интервју со Овенс, „но мислам дека луѓето ќе бидат многу, многу среќни кога ќе најавам нешто“.

Поранешниот претседател на САД дури се пошегува дека Овенс може да се кандидира за негов потпретседател.

– Колку добар избор би бил тој. Тоа би било фантастично, би било одлично – рече Трамп.

Трамп ги критикуваше медиумите и за критиките на неговата сопруга Меланија, која се нема огласено од напуштањето на Белата куќа.

– Таа е самоуверена и добра личност. Луѓето ја сакаат. Но, тоа беше многу нефер, иако таа добро го поднесува тоа – рече Трамп.

Трамп посочи дека сепак бил спречен да зборува за тоа, но додаде дека „со нетрпение ја очекува најавата што ќе ја даде кога ќе дојде време“.

 

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!