Свет

Државјанин на БиХ уапсен за напад во Париз!

 

 

Граѓанин на Босна и Херцеговина беше уапсен денеска во Германија.

Тој е осомничен дека учествувал во терористички напад во Париз во 2015 година, објави АФП.

Германската полиција вели дека планира да го пренесе во Белгија.

Обвинителството на Дрезден соопшти дека се работи за 39-годишен маж чиј идентитет не се обелоденува.

Белгиските власти издадоа европска потерница за него под сомнение дека бил вклучен во организација и планирање  поврзано со терористичките напади во Париз, вклучувајќи го и нападот врз концертната сала во Батаклан на 13 ноември,

Во ужасните терористички напади низ Париз, најмалку 120 лица загинаа, а десетици беа повредени.

Loading...

Related posts

Leave a Comment