Свет

Трамп и Путин ќе се состанат во Осака oвоj петок

Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп ќе се состанат на маргините од самитот на Г20 во Јапонија Осака

 

 

 

 

Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп ќе одржат состанок на маргините од самитот на Г20 во Јапонија, Осака, oвоj петок, соопшти вчера портпарол на Белата куќа.

Портпаролот рече дека Трамп и Путин ќе се состанат во 2 часот по локално време во Осака.

Рускиот претседателски помошник Јуриј Ушаков претходно изјави дека Путин и Трамп ќе одржат билатерален состанок на маргините од самитот на Г20 во Осака на 28-ми јуни. Состанокот може да трае околу еден час. Ушаков додаде дека лидерите сами ќе ја определат агендата на разговорите.

Related posts

Leave a Comment