Македонија

Заев : Камчев можеби и мене ме снимал

 

Во интервју за неделникот Фокуса премиерот Зоран Заев не ја исклучува можноста бизнисменот Орце Камчев да го снимал и него лично како што тоа го сторил и со останатите. Имено на прашање дали постои можност Камчев кога го посетил кабинетот на Зоран Заев да го пријави рекeтот да снимал, премиерот вели:

Не можам да кажам дали ме снимал. Ако снима секаде, можно е да ме снимал. Кога се влегува тука кај мене, прво се оставаат телефоните, според процедурата, за да имаме слободни состаноци.

Заев во оваа прилика не се осврна на телефонските разговори помеѓу него и бизнисменот Орце Камчев кои ги имало, и тоа повеќе од неколку.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!