Свет

Западни Медиуми: Африка го поддржува Путин!

Африканските лидери, опозициските политичари и влијателните јавни личности од Црниот континент ја засилуваат поддршката за Русија, иако нејзиниот имиџ во другите земји е „уништен“ поради ситуацијата околу Украина.

Некои од најжестоките бранители на рускиот претседател Владимир Путин се пан-африкански застапници на доктрината за африканско единство и антиимперијализам што процвета за време на екот на Студената војна, објави Франс 24, цитирајќи ја француската новинска агенција АФП.

Путин сака да ја врати големината на својата земја, изјави на почетокот на март бенинскиот пан-африканскец Кеми Себа.

„Нема крв на ропство и колонизација на неговите раце. „Путин не е мојот месија, но тој ми е помил од сите западни претседатели и од сите проклети африкански претседатели кои се под петицата на западната олигархија“, рече Себа.

Во Уганда, моќниот син на локалниот ветеран политички лидер Јовери Мусевени, бригадниот генерал Мухузи Кајнеругаба, е уште еден жесток поддржувач на Путин.

„Поголемиот дел од човештвото ја поддржува позицијата на Русија во Украина“, напиша тој на Твитер кон крајот на февруари. „Путин е апсолутно во право!

 

Многу африкански земји ја покажаа својата поддршка за Русија, или барем нивната дипломатскаше амбивалентност, во раните фази на украинската криза. Така, на 2 март, членовите на Генералното собрание на ОН масовно гласаа за осуда на дејствијата на Русија во Украина. Но, од 35-те земји што се воздржаа, речиси половина – шеснаесет – беа во Африка. На ова се додава и Еритреја, која гласаше против резолуцијата, додека осум други африкански земји воопшто не гласаа.

„Обично, земјите што се воздржуваа беа или авторитарни режими или земји кои имаа историски врски со Русија, често воени, од советско време“, рече Махама Тават, истражувач на Универзитетот Малме во Шведска.

Сочувството кон Русија во Африка датира од средината на минатиот век, кога Москва ги поддржуваше антиимперијалистичките и антиколонијалните движења и помогна во борбата против апартхејдот, наведува АФП.

На неодамнешниот митинг на 21 март, на годишнината од масакрот во Шарпвил, Јужна Африка, во екот на владеењето на белото малцинство, десничарот Јулиус Малема рече:

„Тука сме да му кажеме на НАТО, тука сме да и кажеме на Америка: не сме со вас, ние сме со Русија.

Малема потсети дека Москва ја поддржувашр борбата на Јужна Африка против апартхејдот, „кога не беше модерно да се биде таму“.

„Денес сакаме да и кажеме на Русија: „Ви благодариме што бевте таму кога не беше мода да се биде таму и не се сомневајте во нашата поддршка за Русија. Научете им ја лекцијата, потребен ни е нов светски поредок – уморни сме од диктирањето на Америка“, изјави јужноафриканскиот политичар.

Имаше и проруски собири во африканскиот регион Сахел (субсахарска област), каде Москва го зајакнува своето влијание на сметка на Франција, поранешна колонијална сила во Западна Африка, додава АФП.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!