Свет

Запорошките власти: Денеска ја затвораме нуклеарната централа Запорожје поради украинските гранатирања

Шефот на проруската администрација на регионот Запорожје, Јевхен Балички денеска изјави дека е можно нуклеарната централа Запорожје да биде затворена бидејќи постојано е гранатирана од украинската армија.

„Постои голема веројатност денеска да бидеме принудени да ја затвориме нуклеарната централа, бидејќи нејзината работа во овие услови е невозможна. Не сме го решиле целосно ова прашање, но ќе мора да донесеме таква одлука“, рече Балички во емисијата „Соловјов во живо“.

Тој додаде дека поради честото гранатирање на градот Енергодар, кој е веднаш до нуклеарната централа, продолжува одливот на семејства чии членови работат во Запорожје.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!