Свет

Израел им позајми на Палестинците милион дози вакцина Фајзер на кои рокот им е при крај

Pfizer and BioNTech to deliver 100 million doses of Covid-19 vaccine to EU

ТЕЛ АВИВ – Израел ќе им донира на палестинските власти околу милион дози вакцини Фајзер / Бионтек против корона вирусот, на кои наскоро ќе им  истече рокот, додека Палестинците ќе мора да вратат реципрочен број дози на Израел кога ќе добијат пратка од програмата Ковакс , соопшти денеска кабинетот на израелскиот премиер Нафтали Бенет.

Израел, каде што се вакцинирани околу 85 проценти од возрасната популација, се соочува со критики дека не споделува вакцини со Палестинците на окупираните територии на Западниот брег и Појасот Газа.

Договорот со палестинските власти го објави новата израелска влада, која положи заклетва во неделата, со што заврши 12-годишното владеење на поранешниот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!