Свет

ИРАН СЕ ЗАКАНУВА НА АЗЕРБЕЈЏАН ЗА ЕРМЕНИЈА: Ќе се соочите со реакцијата на нашата армија

„Секоја воена инвазија на Ерменија ќе се соочи со реакција од иранската армија“, соопшти командата на иранската армија среде новиот конфликт во планинскиот Карабах.
„Исламската Република Иран во неколку наврати изјави дека нема да толерира промени на границите на соседните земји“, се вели во официјалното соопштение на Корпусот на чуварите на исламската револуција.Предупредувањето е дадено како одговор на објавувањето на азербејџанскиот весник Јени Мусават, во кој се наведува дека Азербејџан има право да ги „врати своите земји“, бидејќи Ерменија е една од историските земји на Азербејџан. Оваа недела, Азербејџан еднострано прекина со испорака на гас за Нагорно Карабах без предупредување.

Во овој поглед, вреди да се потсетиме дека најрадикалните националисти во Иран го сметаат Азербејџан за нивни отфрлени историски територии, кои порано се нарекувале Аран и Ширван.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!