Разно

Испораките на ракетните системи С-400 во Индија ќе започнат по 2020 година

Русија и Индија претходно потпишаа договор за испорака на системи за противракетна одбрана С-400 Триумф во вредност од 5,43 милијарди долари

 

 

 

Руските системи за противракетна одбрана С-400 Триумф ќе бидат предадени во Индија по 2020 година, објави во средата Федералната служба за воено-техничка соработка.

“Испораките на ракетните системи С-400 Триумф во Индија се планираат да започнат по 2020 година, во согласност со договорот со нашите партнери. Прашањата со плаќање се решени”, се вели во службата.

Русија и Индија претходно потпишаа договор за испорака на системи за противракетна одбрана С-400 Триумф во вредност од 5,43 милијарди долари. САД и се заканија на Индија со санкции за купување руска воена опрема. Сепак, Индија соопшти дека ќе продолжи со купувањето на ракетните системи С-400.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!