Историја

Како во реалноста изгледал Исус Христос?

 

Во Новиот Завет практично нема опис на надворешниот изглед на Исус. Формирањето на привичниот за нас физички архетип започнал да се формира ориентационо околу 4 век од нашата ера , вероjатно под влиjание  на античниот изглед на врховниот бог Зевс.На границата помеѓу 4 и 5 век го прикажувале Исус во облик на подмладениот Jупитер , облечен во златна одора , седнат на императорски трон.

За христиjанските уметници од тоа време важен бил симболизамот , а не историчноста , поставуваjќи пред себе задача да го прикажат  Христос во вид на небесен владетл над светот. Ореолот бил ,, позаjмен ,, од предисусовите ( т.н. пагански -соларни божества ) како Аполон и Сол , кои имено со таквиот атрибут , симболизираjќи jа сончевата светлина  , неретко биле претставувани . Со течение на времето царскиот лик на Исус започнал да се демократизира.

.

мозаик од римската базилика Санта- Пуденциjа

На постарите римски ликовни цртежи Исус е претставуван во облик на млад човек без брада и со кандрава коса , облечен соодветно со актуелните модни трендови. Во 4-тиот век во официjалната христиjанска традициjа се закрепила сликата на зрел човек со долга темна коса и брада. На овоj или друг начин ,  фигуративното изобразување на Исус во Европа го прикажува како бел европеец. Но , соодветно со неговата етничка припадност ( Евреj или претставник на близок со Евреите етнос ), Христос би требало да изгледа ,, малку поинаку.

Римски неканонски слики на Исус : 1- средина од 3 век , 2-4 век , 3и4 -почеток на 5 век. 1.2.3- катакомбни слики , 4- мозаик.

       На почетокот од новиот милниум британскиот специjалист по криминална аниропологиjа Ричард Ниив за потребите на документарниот филм ,, Синот Божjи ,, создал облик на жител од Галилеа според остатоците пронаjдени во тоj регион. При моделирањето на древниот галилеец , криминалистот- антрополог Ниив , ги земал  предвид старите ликовни изобразби , историските и антрополошките специфики од  временскиот период во коj живеел Исус.Типичниот галилеец имал овално темно лице со широк нос ( носни отвори ), кратка брада – според jудеjската традициjа. Таквата слика на физичкиот облик напоменувала на лице од современиот Араб… И не е чудно , ако се знае генетската поврзаност на Евреите со Арабите . Единствената разлика е во религиите ,кои се само ветки , разгранети од заедничкото стебло – Jудеизмот. Не е ништо поразлично и каj Индиjците и Пакистанците. И нив ги оддалечуваат религиите од истоподобноста на заедничката генетска структура… Според Новиот Завет , Исус работел како столар, па неговата кожа би била особено темна заради природата на неговиот занает – поврзана со труд на отворен простор и високите температури кои владеат во тоj регион. Средниот раст на семитите од таа епоха ретко надминувал 160 cm.

Традиционално Исус се претставува во долга бела туника ( симбол на  Неговата светост ) или  облека во други бои. Во стварност , долгата облека во тоа време им била своjствена на богатите слоеви и тоа во особени случаи , како показ на социjалниот статус. И така , претендентите на високи државни позиции облекувале белоснежна тога – кандида ( оттаму и поимот , кандидат,) Според записите на Марциал ( Марк Валери Марциал – 40-104 година од раѓањето на Христа , римски поет и епиграмист ) во провинциските градови од Римското Царство тоги облекувале 1-2 месечно ,во време на религиозните празници.Во Евангелието по  Лука пишува : Пилат , исмејуваjќи се над Исус , го облекол во бела ,кандида, ( како римски кандидат ). Но, во другите Евангелиjа оваа епизода отсуствува , па така можеби станува збор за ,, литературна слобода ,, во изразувањето на авторот.Но , овде е интересен развоjот на мислата , коjа jа следи логиката во однос на гардеробата од Исус.
 Секоjдневна облека за сите социjални слоеви во Jудеа и некои други региони од Римската Империjа била хитон – кратка туника до пределот на колената , сткаена од овчjа волна со кратки ракави или воопшто  без нив. Имено во таква облека се исчеканети ликовите на Евреи во барељефите од 1-от век. Во зависност од временските услови над хитонот облекувале наметка – талит , оформена во согласност со религиозните погледи . Овие делови од секоjдневната облека на мажите од таа историска епоха биле во боjа на волната од коjа се произведени ,заради високата цена на природните фарби .
Се чини потполно логично умозаклучението :облеката на таков човек како Исус била доволно едноставна ,тргнуваjќи од фактот за неговата професиjа ,коjа не овозможувала голема заработувачка за купување на скапа ,, гардероба ,, која пак би била во очигледен контраст со простољудството на кого му се обраќал.
И наjстарото Евангелие – Марковото содржи сентенца во коjа: Исус секогаш бил претпазлив со писарите кои се важничат во долги облеки.
Зоран Курљан

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!