Свет

Колапс на украинската армија во Донбас: Обиколени и затворени во ,,Котли” го чекаат својот крај

A Ukrainian Insurgency After Russian Invasion Could Spell Disaster for Putin

Започна завршниот удар на руската армија и единиците на Доњецката Република врз украинскиот „Донбас фронт“, кој го држеат четири механизирани бригади и „територијалци“.

Всушност, започна пресекување на украинските сили на четири дела, со нивна трансформација во „котли“.

Почетните точки на офанзивата се меѓу Угледар на југ и Горловка на север, а една од главните цели се украинските сили пред Курахов.

Русите веќе продираат кон Курахов од запад.

Војската на ДНР ги проби украинските утврдени линии кај Горловка, а се очекува истото да го направи и западно од Доњецк кај Пески. Исто така: ќе ја приклешти Авдеевка.

Досега тешко артилерискиот систем „Малка“ најдобро се покажува против украинските утврдени линии.

Украинците се пред сериозни порази и на север.

Се обидоа со контранапад јужно од Изум, но без успех. Не им помогнаа ниту донесените резервни сили.

Русите веќе „развиваат успех“ кон Первомаиски (во западниот правец) и Лозово (југозапад), каде што се наоѓа фабриката за поправка на тенкови.

Руската главнина ќе тргне кон Славјанск и Краматорск, каде се наоѓа командата на украинскиот „Донбас фронт“.

Со падот на Курахов, Славјанск и Краматорск „Донбаскиот фронт“ повеќе нема да биде закана за републиките во Донбас, ниту за руската војска која ќе може да се сврти кон Запорожје, Кривој Рог, Одеса и Днепропетровск.

Во важниот град Суми, низ кој помина руската армија по неколкудневни специјални операции, сега се водат улични борби.

Инаку, „Малка“ користи проектили од калибар 203 мм со тежина од 110 килограми. Има домет до 47,5 километри.

Во последните години е модернизиран за да има врска со извидувачки дронови, чии податоци екипажот и компјутерот ги користат за „насочување на огнот“.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!