Регион

Курти повторно го одби Тачи

Фото: ЕПА / Валдрин hemемај

Косовскиот претседател Хашим Тачи одржа вонредна прес-конференција откако косовскиот премиер Албин Курти повторно одби да се сретне со него.

Курти ја одби средбата за усогласување на националните политики, велејќи дека е неопходно да се одржат добри односи со САД, пренесува „Косова онлајн“.

Тачи му понуди на Курти три термини за одржување состанок во 10, 11 и 12 часот напладне, но Курти одби да одговори на неговата покана.

Претседателот на Косово ја истакна важноста на стратешкото партнерство со САД и го повика премиерот Курти да донесува одлуки што се во интерес на Косово.

„Мислам дека приближувањето на чекорите би било во интерес на Косово“, рече Тачи.

Тачи претходно оваа недела имаше одделни состаноци со лидерите на политичките партии, освен со лидерот на самоопределување и косовски премиер Албин Курти, кој не одговори на повикот на Тачи.

Тој подоцна рече дека е подготвен за соработка, но ќе се состане со косовскиот претседател како премиер, откако ќе оствари средби со политичките партии.

Во меѓувреме, косовската опозиција повика на вонредна седница за разговори околу односите меѓу САД и косовската влада, при што лидерот на ДПК Кадри Весели рече дека владата е неодговорна затоа што го загрозува сојузот со таа земја.

Loading...

Related posts

Leave a Comment