Актуелно

Ламбе Алабаковски се заблагодари за поддршката

Точка

Откако му заврши осумдневниот притвор во вторникот, пејачот Ламбе Алабаковски утрово се огласи на социјалните мрежи и се заблагодари за поддршката со фотографија од протестот кој се одржа на 8 јуни во Битола.

– Народе мој Ви благодарам за Вашата искрена поткрепа! Ве љубам од длабочината на срцето и душата!, напиша тој.

Покрај благодарност за поддршката, објави и фрагмент од претставата „Диво месо“ на Горан Стефановски.

Ова е негова прва реакција во јавноста откако против него се поведе постапка за палењето на влезот на  бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ во Битола за кривичното дело Предизвикување општа опасност. Настанот се случи на 4 јуни во раните утрински часови, кога истурил бензин врз влезната врата од културниот центар, ставил фитил на прагот и го запалил. Ламбе беше приведен на 7 јуни, а во полициската станица во Битола делото го призна.

Му беше одреден осумдневен притвор со образложение дека постои можност за бегство со оглед на тоа што има двојно државјанство, македонско и американско, а потоа беше префрлен во куќен притвор. Притворот откако му заврши не му беше продолжен, но како мерка за претпазливост одземен му е пасошот.

Related posts

Leave a Comment