Свет

Лекарот кој го пречека Владимир Путин е заразен со корона вирус

Главниот лекар во московската болница за пациенти со корорна вирус, кој минатата недела го пречека Владимир Путин во установата, денес изјави дека е инфициран, додека Кремљ веднаш соопшти дека нема потреба од грижа за претседателот на Русија.

„Путин редовно се тестира. Сè е нормално“ , рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесе новинската агенција Интерфакс.

Докторот Денис Проченко  на социјални медиуми изјави дека е инфициран, но дека нема загрижувачки симптоми.

” Тестот за КОВИД-19 е позитивен, но се чувствувам добро. Се изолирав и ги имам сите услови за работа од дистанца во мојата канцеларија”, рече рускиот лекар.

На 24 март, Путин (67) ја посети болницата Комунарка во предградието на Москва . Болницата е главната установа во која се лекува  вирусот корона.

Претседателот на Русија и докторот тогаш се ракуваа, го користеа лифтот заедно и разговараа без маски.

Loading...

Related posts

Leave a Comment