Колумни

ЛИДИЈА ЃОРЃЕВИЌ : МЕЧТАЕТЕ, НО НЕ ФАНТАЗИРАЈТЕ!

МЕЧТАЕТЕ, НО НЕ ФАНТАЗИРАЈТЕ!

(А ве гледам…поприлично фантазирате!Е нема.Нема никогаш да ви се оствари! Жалам.Само Богоугодните мечти се остваруваат.Она “Лујза Хеј и слични глупости се жута штампа на православието! До утре вие ” бидете позитивни” ако ленчарите, не се исповедате, немате пост и причест!)

Ги гледам фантастично убавите фотографии кои ги објавуваат луѓето во една фејсбук група по име “Патувања по Македонија” , кадешто сфатив дека Македонија не самошто не е мала, туку е уште поубава отколку што ја познавам, ако воопшто ја познавам барем 10%! Сфатив и дека ковидот не е толку голем, колку што е голема Македонија! Каков благослов!

Нејсе,
Во описот на манастирот” Пресвета Богородица ” во Вељуса(Елеуса) госпоѓата која ги објавила фотографијата, меѓудругото ја опишала и мудрата философија на моњахињите:
“Зборуваме само за неопходните работи за да не се губи време и за да не се расеува умот” !!!
_________________________________________
Ова го подвлекувам со една огромна линија и запаметете го и размислете околу тоа! Ќе видите дека се во право!

Има огромна разлика помеѓу мечтаење и фантазирање! (Второто е психијатриска дијагностика која за жал сите помалку си ја имаме!(Неможност на човек да се соочи со фактичката реалност и копнеж да живее во својот веќе замислен свет!)

Колкумина од нас пљампаме непотребно и го”расеуваме умот”?Да не зборувам колку нашите празни тртљања предизвикуваат гревовни фантазирања!
Моја препорака: Останувајте во нечиво присуство максимум два саати! Потоа се ќе се претвори во или его, или безвезе, или кавга, или блуд! Зарем не!?

Си правиме планови” како ќе биде ова кога би било она, или како ќе биде, или како ЈАС ќе направам да биде, или како ЈАС САКАМ ДА БИДЕ! Или зошто не е “по мое”!?Кое бре твое! Смешен си! Никогаш нема да биде “по твое”оти твоето твое не е твое.А луѓето не се твои.Свои си се! Јасно!?И потоа ќе заклучиш дека сите по ТВОЕ се нарцисоидни😄? Ух, ти сиромавиот!Не! Прв симптом на психијатриски случај е -НЕМАЊЕ САМОКРИТИКА!

Е да.И ќе си фантазираш , ќе си ги правиш своите филмови како ТИ што мислиш дека треба да изгледаат.И ќе ги направиш другите луди, криви…
Не знам зошто на православните” по традиција”(знам ама ајде) не им е јасно дека:

ПРАВОСЛАВИЕТО НЕ Е РЕЛИГИЈА!

Едноставно е зошто:

Христос ни даде на СИТЕ:
УПАТСТВО ЗА ЖИВЕЕЊЕ!

Во религијата себе проекцијата е многу активно присутна. Тоа што го мислам во себе, правам да постои објективно, додека тоа можеби и не постои и со сигурност е заблуда.
Во едно писание го прочитав ова:

“Ми остави впечаток она што Берѓаев го пишува во една од своите книги, не се сеќавам на деталите – некој сакал да стане православен и му рекол на друг православен:

– Сакам да станам православен. Но претходно сакам да појдам по сите краишта на светот и да видам како луѓето го живеат Православието, да ги видам и другите цркви, да ги видам другите догми, другите религии и да си направам избор!

Православниот му одговорил:

– О, подобро не оди! Стани православен сега, додека имаш желба и ревност! Зашто ако појдеш и видиш како живееме ние, православните, ако видиш некое безредие или скандал, ќе се соблазниш и нема да станеш православен. Стани сега, додека сакаш!

– Не, нема! Ќе отидам прво да видам!
– Што бидна? Дали се предомислуваш да станеш православен?
– Ќе станам православен!
– Го направи ли патувањето за коешто зборуваше?
– Да!
– Виде ли сѐ?
– Видов!
– Виде ли нешто што те вознемири?
– Видов сѐ. Видов и скандали, и гревови, и неразумности, и блудства во Црквата.
– И во краен случај, каков ќе станеш?
– Православен!
– Зошто? Зар не се соблазни?
– Се соблазнив по човечки.
– Зарем не те вознемири тоа?

Се вознемирив, но упорен сум да станам православен, бидејќи сфатив дека со оглед на тоа дека оваа вера, ова учење опстојува и продолжува да постои и покрај сите скандали, и покрај сите човечки падови, и покрај работите што ме разочараа, тоа не е човечко! Сфатив дека Православието има божествен происход, инаку ние досега ќе го уништевме!

Некој голем човек го кажал ова: „Не плаши се, Православието не може да падне. Знаеш ли зошто? Со оглед на тоа дека не го уништиле оние што се православни, но не се придржуваат на верата, никој друг не може да го уништи!“

Н Оној Кој Го држам во рацете – Христос. Моите раце се нечисти, но тоа што го држам е Светата Чаша, Бог Кој се воплотува, Светата Причест, во којашто Христос се соединува со тебе и Него следи Го. Затоа стануваш православен и во тоа е величината на Православието!”

И сега јасна ли ви е разликата помеѓу “мечтаење” и “фантазирање”?
Мечтаат умните, уметниците(не секој кој не е сфатен е уметник😂најверојатно е шврки!!!),големите умови.

Фантазираат романтичните будали!

Лидија Ѓорѓевиќ

Loading...

Related posts

Leave a Comment