Колумни

Лиле Прочкова: Да ја вратиме старата нормална ,,Нормалност” , а вие бедни човечиња кои ја прифаќате новата ,,НеНормалност” на ВИлипчето и социјално се дистанцирате, ќе ве замолам да се држите подалеку од нас и нашите деца.

Заболени, починати, ковид, армија, преведување во жолтата куќа…Ова го слушаме секојдневно од март па до ден денес.

Нели е доста? Стравот и паниката не совладуваат и се плашам дека ќе нема доволно психијатри да не излечат. Смачено ми е секој ден да гледам луѓе кои носат маски, само за да не бидат казнети.

До кога ќе трае овој терор???  Ех, кога би можеле да го вратиме времето назад, во далечната 1989, па да заминам кај баба ми на село. Повторно да го почувствувам мирисот на тазе домашно топло лебче. Ми недостасува безгрижното детство без мобилни и без компјутери. Ми фалат игрите кои самите си ги измислувавме,  крадењето цреши од дворовите на соседите.

Ми недостасува ѕвонењето на ѕвончето од вратите на соседите и задолжителното бегање и трчање како не би биле откриени во нашите несмасни шеги. Време во кое заштитен знак на распознавање ни беа раскрварените колена како резултат од честите паѓања од велосипед. Време во кое заборававме на ручекот, а како замена за него трчавме дома по парче леб наросено со шеќер и вода и се враќавме назад на улица да го споделиме заедно со нашите другарчиња.

Најслатко, највкусно…Време каде сите бевме имуни на вируси, каде до доцна во ноќта се санкавме и се мававме со снежни топки. Време кое толку многу ми недостига, а верувам и на сите нас , време кое толку многу сакам да се врати.

Немавме многу но бевме најсреќни. Колку само се радувавме на нашите родендени кои ги прославувавме во слаткарница со една слатка и чаша лимонада или боза.

Време во кое си подарувавме тетратка и моливче, а не таблет или видео игри. Време во кое наместо совети од психолози доволни беа строгиот поглед од родителите зачинет со две “воспитни и стресот веднаш волшебно изчезнуваше.

Често се прашувам згрешивме ли ние во воспитувањето на нашите деца или дојде некое чудно време кое си го направи своето? Колку би сакала нашите деца да почувствуваат само момент од нашите детства, да видат колку бевме среќни и задоволни. Да,задоволни со сликовница,тетратка и моливче. Не баравме, а и не биравме. Убаво време без делби, време во кое сите бевме среќни во кое сите бевме ЕДНО. Ќе направам се, тоа минато време да го пресликам во сегашноста и заедно со сите вас да го направиме светот повторно убаво место за живеење.

Да ја вратиме старата нормална ,,Нормалност” , а вие бедни човечиња кои ја прифаќате новата ,,НеНормалност” на ВИлипчето и социјално се дистанцирате, ќе ве замолам да се држите подалеку од нас и нашите деца.

Лиле Прочкова

Loading...

Related posts

Leave a Comment