Македонија на Украина деновиве и ги донирала четирите воени авиони „СУ-25“. Македонија за време на конфликтот во 2001 година ги купи од Украина за четири милиони евра.
Информацијата на „МКД“ засега не е потврдена од Министерството за одбрана, но не е ниту демантирана. Се работи за авионите што Македонија планираше да ги продаде уште во 2004 година.
Во пролетта 2003 година македонското Министерство за одбрана дeкларира дека во фopмaцискиот состав на АРМ веќе нема потреба од борбените авиони, а во 2004 година авионите биле пpизeмjeни, кoнзepвирани и подготвени за продажба.
Партијата Левица во јуни објави дека од свиркачи, офицери вработени во армијата, дознале дека на воениот аеродром на АРМ се врши контрола и поправки на авионите „сухои“ од страна на украински воени инженер.