Свет

Марин ле Пен : Европската унија е првата жртва на корона вирусот, иднината е во враќањето на суверенитетот на државите

 Фото: Депофофото

Ние сме сведоци на отсуство на европска солидарност во моментот на пандемијата. Дали е ова вистинското лице на Брисел?

– Како бирократска креација, ЕУ е опседната со примена на нејзините недопирливи догми. Додека пандемијата влијаеше врз европските земји една по друга, кога со право очекувавме реакција и мобилизација на Европската комисија, таа дискретно го водеше процесот на проширување во корист на Албанија и Македонија. Во овие трагични моменти, солидарноста и сочувството доаѓаат од нации и народи. Всушност, на никој не му треба интервенција на бриселската технократија да ги премести француските пациенти во соседните земји.

* Може ли да се каже дека ЕУ се распадна за време на оваа пандемија?

– Европската унија стана првата жртва на вирусот Корона, која што не може и не сака да ги заштити граѓаните на нејзините земји членки. Оваа политичка организација, која тие ја претставија како штит зад кој државите ќе можат да се засолнат, ниту знаеја, ниту можеа да предвидат, да одговорат и да се координираат, со најмалку ефикасна акција за запирање на епидемијата. И овде, фактите не се релевантни: додека државите со право решија да ги затворат границите во обид да спречи напредувањето на епидемијата, претседателката на ЕК Урсула фон дер Лаејн ги одвраќаше европските земји од преземање на оваа мерка на здравиот разум. Треба да се напомене дека и Емануел Макрон веднаш ги предупреди Французите за „повлекување во национализмот“.

* Дали Европа исчезнува каква што ја знаеме и како ќе изгледа Европа утре ?

– Оваа пандемија уште еднаш покажа дека оваа транснационална, технократска политичка организација без демократски легитимитет е збир на слабости, не можејќи да реагира и да дејствува кога е потребно. Таа дијагноза, на крај, беше потврдена пред неколку недели во моментот на мигрантската криза и уцената на Ердоган. Оваа Европа, која треба да ги заштити земјите-членки од мигрантските налети, одлучи да ја продолжи постапката за азил. Светот на утрешницата ќе биде оној со враќање на границите, нациите и со економскиот и индустрискиот суверенитет.

* Мондијализмот и либералниот капитализам ги покажаа своите лимити. Каков светски поредок предвидувате во иднина?

– Идеологијата на глобалистичките елити се искачи на непреодна равенка на општиот прогрес, законот на пазарот, слободната трговија која не смее да има никакви пречки, граници и регулативи. Законот на поголемите им се наметнува на сите без милост и скрупули. Таа сметководствена визија, таа меркантилистичка концепција, доктрината што ја става економијата над политиката, ги донесе нациите во состојба на нарушеност која никој не сакаше да ја види ниту замисли. Оваа пандемија е индикативна за токсичноста на системот, но, уште повеќе, на нејзината екстремна кршливост. Зад вредностите на индексот на берзанските акции и дивиденди на финансискиот капитализам на чии основи ние го оценуваме економското здравје на земјите, недостасуваат маски, болнички кревети и лекови, а десетици илјади животи се изгубени.

* Кој е клучниот заклучок кој го извлекувате од сè?

– Во светло на она  што го живееме и низ што минуваме, го зајакнав сопственотоу верување дека сè треба да се промени. „Ништо нема да биде исто како порано“, ни рече Емануел Макрон, но оваа промена не може да биде само крпеница, реставрација на фасади, каталог на добри намери, туку бара длабоки промени во пристапот и зачнувањето што мора да го имаме за нашиот модел на општество. Обезбедување ресурси за технолошки суверенитет, преместување на индустриски активности, заштита и промоција на нашите стратешки компании – ова се предизвиците со кои ќе треба да се соочиме по победата во војната против вирусот Корона.

Loading...

Related posts

Leave a Comment