Колумни

МИРКА ВЕЛИНОВСКА: ИМПЕРАТОРОТ ЏО БАЈДЕН ВО ООН ЈАВНО СЕ СКАРА СО СЕБЕ СИ!

Почитувани Македонци, топло ви препорачувам да го отслушате говорот на претседателот на САД, Џо Бајден на тековното заседание на ООН со кој му се обрати на светот.

Ова е многу важно за секој нормален човек со здрав разум за да може со сигурност да знае кој и заради кои причини одредени политички партии, интелектуалци и др. дејци, пред се во нивната држава, следат или застапуваат политика креирана од некоја си ептен силна и моќна држава. Слушајќи го Бајден, напросто не можете а да не разберете дека тие што му го напишале говорот се штрапани во умиот и исто такви црпки како што се сите оние кои ,,демократска.. Америка со помош на сила и насилие ги инсталира ширум светот.

Дека Џо Бајден е дегенерик и насилник е општо познато. Дека е медиокритет и отчовечено суштество без морал и патолошки лажливец докажува целата негова политичка кариера. Но, во овој говор пред светската организација на држави е содржана конечно и дијагнозата на т.н. американска посебност. ,,Лидерот на слободниот свет,, е заразен со смртоносен вирус за кој нема ни лек ни вакцина. Заебот е во тоа што од оваа зараза страдаат само оние кои како и Бајден се мислат за црпнати, избрани од Бога арогантни идиоти за да управуваат со човештвото. Имено, само таквите кои се слепи следбеници на американската политика, еден вид евроатлански камикази, можат да го примат за нормален говорот на дегенот Бајден.

Следам политика од рано детство. Но волку глуп, противречен говор каде ,,авторот,, со секоја изговорена реченица жестоко си опонира самиот на себе во следната, ниту сум чула, ниту прочитала. Цепната личност ли е во прашање или цепнати експертутки кои му го составувале колажот не е важно. Важен е заклучокот дека ,,нешто е дибидус гнило во Данска,, А кога гние во Вашингтон, гласно ем гние ем смрди најмногу во просторот на колелтивниот ,,прогресивен запад,,. Плус колатерално се засмрдува цела планета, особено онаму каде светскиот хегемон кога ќе му прдне си одгледуваше и поставуваше свои политички тутурутки како локални изведувачи на гнасните работи. Како Гваидо, Тихановскаја, Арсењук, Кличко, Порошенко, Зеленски, Еди Рама, Бојко Борисов, Алексис Ципрас, фамилијата Папандреу и Мицотакис со се ,,Златната им зора,, , Црпко Заев, Мило Ѓукановиќ, Бранко Црвенковски, Радмила Шеќеринска, Владо Бучковски, Хари Костов, Али Ахмети, Артан Груби, Теута Арифи…
Значи, еве во што се си противречеше, да не кажам жестоко си се караше со себе ,,шлакнатиот,, Џо на светска говорница:

1 Ерата на примена насила во политиката заврши. Неа ќе ја замени интензивна дипломатија.
1а)САД жестоко ќе реагира и ќе се бори со сите средства светот да се обедини.
2.Студена војна меѓу моќните држави и нацните сојузници нема да има.
2а)Студената војна со оние кои и се конкуренти на САД ќе продолжи.
3 САД заговара слобода на луѓето во изборот.
3а) Ама под услов изборот да го прави САД оти таа, нели, докажано најдобро го прави во име на сите оние кои се глупави.
4. САД го прогласува оружјето и неговата употреба за последна и несакана алатка за водење убедлив дијалог, ама останува нужно средсво за водење политика
4а) САД и звецка и вооружува и војува, односно, окупира држави, организира револуции и преврати, подржува и вооружува мафии, банди и платеници за големи пари. Кои потоа ги именува како терористи.
5. САД најавува нова епоха на еден обединет свет без делби а за добробит на човештвото. Демек нов светски поредок со еден император.
5а) Ама, сепак, единствениов свет на Џо се делел на демократски и авторитарен. Плус, нема звецкање со оружје, туку само пријателско зезање, освен кога за пари продава и најмува платени убици да убиваат невини луѓе.

Како и да е, кога ќе го слушнете што лапрда додека креира нов воен сојуз на Пацификот и моделира оживување на Британската колонијална империја овојпат крстена како ,,глобална Британија,, ќе сфатите дека светот си има работа со уште еден штрапан геноциден фашистички англосаксонски колективен лудак од кој планетава ќе мора да се ослободи брзо. Оти проектот на склепанава тиричлена коалиција од една покојна злосторничка империја, една затвореничка колонија која изврши геноцид на домородното население и една дива мгрантско-емигрантска и гангстерска творба не се проект кој ветува нешто добро за човештвово. Напротив.Планетава мора да се заштити од болештинава.

Патем, во врска со темава, морам да ја ставам во контекст и Македонија. Јасно вие дека ние сме јавнати од фашистиве практично од првиот ден на прогласената независност. Агентот на ЦИА со кодно име Боб во 1990 година дојде овде со мисија да го сними теренот, да ја види елитата и да ги избере најглупавите, најискомплексираните и најслабите во карактер а дрчни за пари и слава со кои ќе работи САД и преку кои ќе управува со Македонија. Најдобро познати вакви кукли секако се Хари Костов, Љубомир Фрчковски, Владе Милчин, Ѓунер Исмаил, Денко Малевски, Васил Тупурковски, Петар Гошев, Силјан Аврамовски, Зоран Верушевски, пифтии прислужници како Бранко Геровски и Сашо Ордановски, Лидија Димова, Мирјана Најчевска и сл. и ,,тешкашите.. Бранко Црвенковски (кажете што треба да направам за вас за вие да ми овозможите комуникација со Стејт департментот) ,,големиот човек,, Борис Трајковски оти многу лапрдаше ,па го го скинаа со се целиот му кабинет минусирано за Стево ,,стоката,, Пендаровски и секако двојката политички дебили Зоран Заев и Радмила Шеќеринска.

Последнава тутурутка,, и официјално се запиша во списокот на либерално шлакнати фашисти – злосторници против човештвото. И отиде на гости дома на злосторничката и масовен геноциден убиец Медлин Олбрајт која по бомбардирањето на Србија со осиримашен ураниум, уби над 600 000 илјади ирачки деца плус уште толку татковци и мајки при што горделиво и бесчувствено изјави дека воопшто не се кае за злосторот. Имено, тој геноциден колеж бил нужен за остварување на американската цел. Северџанскава глупачка и дегенка со расчепена накезена муцка и светнати очи изјави дека на злосторничкава и се восхитувала и дека и била идеал ем идол. А што да кажам, освен дека човечки измет секогаш си наоѓа содветни по квалитет пријатели.

Да сумирам: САД не е држава ами гангстерска вукоебина со која управуваат манијаци, дегенерици, пљачкаши и психопати. Нацијата која нема идентитет и не е просветена е заглавена во времето на дивиот запад и воспитувана од Холивуд. Заеднички и е само доларот и пропагандата. Денес ,,империјата,, светскиот самопрогласен хегемон е за првпат соочена со реалноста а таа е дека САД е банана република, односно, држава констуирана од лего коцки а населението и е со статус на ГМО бројлери.

М.Велиновска

Колумната е авторски текст за Слободен Свет и не е дозволено целосно превземање на истиот, освен дел со задолжителен хипер линк до оригиналот.

Related posts

Leave a Comment