Колумни

МИШКО ЛИВРИНСКИ : ТЕШКО Е ДА СЕ БИДЕ ВО СУДИР СО ВРЕМЕТО

Dalí's Camembert Watches | The Art Minute

Во текот на втората половина на 19 век, водечкиот српски политичар Милан Пироќанац, водачот на српските либерали ја има кажано следнава реченица „ Тешко је бити у сукоб са временом.“ Ова реченица најдобро ја отсликува денешната ситуација во која светот се наоѓа.

А денес светот се наоѓа во пресвртница помеѓу стариот и новиот светски поредок. Во моментов во светот се судираат двете концепции глобалистичката и суверенистичката концепција. Сувренистичкта концепција која се залага за владење на народот која што го има суверенитетот  во една држава, ова концепција завзема се поголем замав. Гледате дека и Трамп со неговите последни дејствија завзема свое место во суверенистичката концепција.
Токму Трамп со последните настани покажа дека е во чекор со времето, дека го разбира времето во кое што живее и во кое владее со Америка. Престанокот на финансирањето на светската здраствена организација, економските мерки за спас на американската економија, отварање на американската економија, сето тоа го врза Трамп за суверенистичката концепција, а во исто време го направи вечен непријател на глоблаистите кои никако да го разберат времето во кое што живеат, а тоа е дека стариот глобалистички систем е веќе мртов! и никако да се навикнат на новото време, се уште се надеваат дека стариот систем ќе се врати, поради тоа влегуваат во конфликт со времето, а секој кој влегува во конфликт со времето, кога тогаш од самото тоа време ќе биде прегазен. Секој кој влегува во конфликт со времето, него прифаќа новото време кое доаѓа, како таков е осуден на пропаст и изумирање.
Во основа на проблемот стои што политичките елити кои во последните триесет години беа на власт не само кај нас, ами на секаде по светот беа во расчекор со волјата и барањата на народот од кои бараа да ги гласат на избори. Токму непочитувањето на волјата и желбите на суверениот, на народот како владител ( крал) во една држава ги донесе во позиција да народот веќе не ги ни пресметува за ништо! тоа е таа позиција во кој денес се наоѓат. Изборот име или ќе научат да ја почитуваат волјата на народот и да ја спроведуваат таа волја на народот во пракса или ќе исчезнат од сцената како диносаурсите. Ова второво име е загарантирано уште однапред. Гледате во Америка веќе никој од американскиот народ не ги есапи ниту демократите ниту републиканците, туку напротив сите се приклонија кон оној што го слуша нивниот глас, тоа е сега Трамп. Американскиот народ  е силно против карантин, против полициски час, против затварање на американската економија. Трамп како нормален политичар го слуша гласот на народот и го спроведува на дело.
Истата ситуација ја имаме и кај нас! Македонскиот народ е против полициски час, карантин, затварање на економијата која ќе предизвика најголеми последици токму врз обичниот македонски човек.Мерките за економијата која црпнатава и нелегитимната власт ги нуди се за никаде, како некоја си социјална помош за некоја ранлива категорија на луѓе да се работи. Не треба да сте некој голем филозоф или економист за да знаете дека единствено решение  за нормално функционирање на економијата е таа да биде отворена, нормално да функционира. И во овие тешки услови компаните и фирмите треба да бидат оспособени  да остварат профит.  Со економските мерки кои личат како социјална еднократна помош ќе им помогнат на компаните и фирмите, исто колку што со социјална помош им помогна на социјално загрозени лица, толку на фирмите и компаните ќе им ги решат проблемите.
за сега и двете политички партии и од лево и од десно ги подржуваат економските мерки или глумаат дека не се како што требаат. Но никој не бара укинување на полицискиот час, на карантинот, отварање на економијата. Поважно за нив е распуштеното собрание да се врати во работа и ако уставно не може! Да! се продолжува работата на собранието во вонредна сосотојба, но ако пртходно не распуштено собранието. Единствена партија која до сега се залага за укинување на полицискиот час, карантин, отварање на економијата е РОДИНА како единствена партија која стои зад  гласот на народот.
На крај слушам по социјалниве мрежи врие од нервоза за тоа што Русија и Кина биле против тоа што Трамп ги укинал финансите за светската здраствена организација. Јас колку пати треба да напишам дека Русија и Кина се светски сили и како такви  како и сите останати големи светски сили си ги гледаат своите интереси, па ако за нивните интереси чини светската здраствена организација тие ќе ги бранат. затоа ние како држава која се наоѓаме на раскрсница помеѓу исток и запад не треба да се врзуваме за некоја светска сила како слеп за стап, туки да уклучиме мозок и да гледаме кој како ќе ја води играта и ние да се орентираме на она страна на играта на која се нашите интереси, да го искористиме како џокер за нашите интереси, а не да се фатиме како слепи за стап за некој голем играч за да ги остваруваме туѓите интереси и цели како што впрочем и беше до сега.
Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.
Image
Loading...

Related posts

Leave a Comment