Занимливости

Монструозен виор на чад создаден од масивни пожари во Арктикот забележани од вселената (Слики)

 

Овој јули е еден од најжешките месеци во историјата на човештвото, со нови температурни рекорди што погодија неколку европски земји.

Топлотниот бран што ја погоди планетата ова лето, доведе до невиден број на пожари. Според европската служба за управување со итни случаи на Коперник, чадниот вртлог од пожарите опфаќа два милиони квадратни километри и може лесно да се види од вселената.

Катаклизмичките шумски пожари ги опустошија источните и северните делови на Русија претходно овој месец, со површина од околу 1300 квадратни километри во 11 региони во земјата.

Службата за следење на атмосферата во Европа објави дека пожарите испуштиле 50 мегатони јаглероден диоксид во атмосферата на Земјата во текот на последните 6 недели, нагласувајќи дека “е еквивалентен на вкупните годишни емисии на Шведска”.

 

 

 

Related posts

Leave a Comment