Актуелно

Морина нема поим зошто Македонија му го земала британскиот пасош

 

Поранешниот припадник на ОВК Томор Морина изјавил дека не знае зошто властите во Македонија го задржале неговиот британски пасош,објави српски Б92.

-Ми ја задржаа патната исправа, таму остана британскиот пасош. Сега чекам. Немам ништо со Македонија, тоа ќе го решам преку британската амбасада во Приштина или преку адвокат во Скопје-рекол Морина во разговор за косовскиот портал КосоваПреш.

Тој пред три недели е уапсен на Блаце по потерница на Интерпол. Србија го гони за воени злосторства против цивили на КиМ во период од 1998 до 1999 година.

Врховниот суд во Македонија го одби барањето за екстрадиција на Морина на Србија со образложение дека тој е државјанин на Косово, држава која е признаена од нашата земја и државјанин на Велика Британија, и дека делата за кои Србија го терети се направени на територија на КиМ.

Морина бил дел од ОБК и учествувал во многу битки, но последната за него била битката на Кошара, при што се преселил во Британија.

Related posts

Leave a Comment