Свет

МОСКВА ИСПРАТИ ПОРАКА ДО ЗАПАДОТ НА ДЕНОТ НА РУСИЈА: Вака завршија обидите за проширување на Истокот (ФОТО/ВИДЕО)

 Moskva objavila fotografiju povodom dana Rusije

Министерството за надворешни работи на Русија им го честиташе Денот на Русија на своите сонародници со „историска“ фотографија која навестува исход од секое „проширување на истокот“.

– Ние учтиво ги молевме да не се шират на исток. Среќен ден на Русија – пишува во описот на фотографијата објавена на Телеграм.

Сликата ги прикажува воените шлемови на непријателите на руската држава кои претрпеле порази во различни епохи: шлемот на Тевтонските витези поразени од Александар Невски на езерото Пеипси во 1242 година, шлемот на полските интервенционисти протерани од Москва од бунтовниците предводени од Кузма Минин и Дмитриј Пожарски во 1612 година, шлемот на Наполеон кого руската царска војска го протера од Русија во 1812 година и шлемот на војниците на Вермахтот кои беа поразени од Црвената армија во 1945 година. На последното, петто место, остана празен квадрат.

Честитки до рускиот лидер Владимир Путин по повод националниот празник упати и белорускиот претседател Александар Лукашенко.

– Во комплицирани геополитички услови, Русија самоуверено ги штити своите национални интереси, успешно ги спроведува плановите за обезбедување динамичен социо-економски развој – рече Лукашенко.

Тој додаде дека „патриотизмот и единството на граѓаните, поддршката и високото ниво на доверба во политиката што ја води раководството на земјата се достоен одговор на непријателските дејствија што се преземаат против Русија“.

/

„Не се сомневам дека Русите, како што се случи многу пати во историјата, цврсто ќе ги надминат сите тешкотии и предизвици“, рече Лукашенко, додавајќи дека сојузничките односи меѓу Москва и Минск целосно одговараат на интересите на братските народи на двете земји.

Белорускиот лидер му посака на Путин добро здравје, благосостојба и просперитет, а на народот на Русија – мир и хармонија.

Националниот ден на Русија се одбележува на 12 јуни, кога на тој ден во 1990 година, првиот Конгрес на народните пратеници ја усвоил Декларацијата за државен суверенитет на Русија, со која се прокламирал приматот на Уставот на Русија и нејзините закони.

Related posts

Leave a Comment