Настани

Македонија дел од Меѓународниот младински форум “Културна дипломатија во Русија”

Во периодот од 11 до 16 мај 2022 година во градот Краснодар, во Русија се одржа Меѓународниот младински форум „Културна дипломатија во Русија“ – проект на автономната непрофитна организација за развој на детски и младински програми „Дипломатски камп“ ДИПКЕМП“, финансиски поддржан од Претседателскиот фонд за културни иницијативи.

Проектот обедини околу 50 активни руски и странски младински претставници на невладини организации, како и странски студенти на руски универзитети со знаења и вештини за интеркултурна комуникација и подготвени да креираат и реализираат проекти насочени кон промовирање на традиционалните духовни и морални вредности преку културата. Помеѓу странските претставнци учество зема учесници од Македонија, Србија, Египет, Камерон, Арменија, Киргистан, Узбекистан, Белорусија, Казахстан и други .

Програмата на Форумот вклучуваше интерактивни работилници, дискусии, средби со експерти од областа на културната дипломатија, интеркултурни вечери, па дури и еднодневно патување во градот Мајкоп, каде учесниците се запознаа со традициите, националната кујна, знаменитостите и историјата, и преубавата природа на Република Адигеја.

За мене, Меѓународниот младински форум „Културна дипломатија во Русија“ е вистиски впечаток, тимска работа; можност да го реализирате вашиот проект; зајакнување на меѓурегионалната соработка; уникатен речник на нови фрази и изрази и прекрасна дружба на млади! – Елена Соколова, студентка од Русија

Форумот имаше за цел да ја зајакне меѓурегионалната соработка и меѓукултурните врски меѓу претставниците на меѓународните невладини организации и студентите заинтересирани во сферата на меѓународните односи. За дел од учесниците форумот претставуваше прво меѓународно искуство и мотивација за нивно активирање и вклучување во младинската активност како во својата земја, така и на меѓународно ниво.

“Учеството на овој форум е од големо значење за мене и придонес за моите идни општествени активности на меѓународно ниво, особено помеѓу мојата земја С. Македонија и Русија. Самиот форум кај мене предизвика голем интерес за развој на идни заеднички младински проекти со цел да се запознае помладата генерација од Македонија со вредностите и социо-културните активности на Руската Федерација.” – Ивана Ангеловска, младински претставник од Македонија

Форумот беше организиран и поддржан со страна на Фонд А.М. Горчаков, Управата на општинската формација на градот Краснодар, Министерството за култура на територијата Краснодар, Градскиот јавен центар Новоросијск, Одделот за култура на општинската формација на градот Маикоп, Јавниот информативен центар на градот Краснодар, Краснодарскиот регионален центар за национални култури, како и уредниците на вестите од Краснодар“.

Related posts

Leave a Comment