Актуелно

МРТ со жестока осуда: Ја разгледуваме можноста да ја повлечеме Андреа од Евровизија!

МРТ со жестока реакција за фрлањето на знамето од страна на нашата евровизиска претставничка, Андреа Коевска. Јавниот сервис на ниту еден начин не стои зад ваквото скандалозно однесување на нашата евровизиска претставничка, која со тој гест покажа непочитување кон националното обележје, што е казниво со закон, велат од МРТ и најавуваат можност Андреа да биде повлечена од Евровизија.

Македонската Радио Телевизија најостро го осудува потегот на нашата претставничка на „Песна за Евровизија 2022“, Андреа Коевска којашто за време на фотографирањето во Торино го фрли на земја државното знаме.

-Јавниот сервис на ниту еден начин не стои зад ваквото скандалозно однесување на нашата евровизиска претставничка, која со тој гест покажа непочитување кон националното обележје, што е казниво со закон.
МРТ очекува од Андреа да им се извини на граѓаните за ваквото однесување. Јавниот сервис  ја разгледува можноста за нејзино повлекување од Евровизија, иако ќе се води сметка да не се предизвика поголема штета по МРТ.
Против одговорните во македонската делегација ќе бидат преземени сите законски можности за најстрого санкционирање за овој скандал, стои во реакцијата на МРТ.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!