Свет

Напад во центарот на Париз, загинаа четворица полицајци (ФОТО)

Париз – Четворица полицајци беа убиени во полициска станица во центарот на Париз, со нож ги нападнал човек кој подоцна беше убиен, изјави претставник на полицискиот синдикат.

Напаѓачот бил вработен во полициската администрација а нападот се случил по расправија во дворот на полициската станица, изјавиле полициски извори за француските медиуми.

Извори на француската полиција соопштија дека напаѓачот изгубил контрола и почнал да прободува со нож полицајци околу себе.

Фото: Танјуг / АП / Камил Зихноглу

Related posts

Leave a Comment