Свет

Најмалку 34 загинати во експлозија во Авганистан – Талибанците ја презедоа одговорноста

Најмалку триесет и четири лица загинаа, а шеесет и осум беа повредени во експлозијата

 

 

 

Радикалното движење на авганистанските талибанци ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во понеделникот во Кабул, објави телевизискиот канал ,,TOLO news,, .

Експлозијата го погоди дипломатскиот кварт во Кабул. Покрај тоа, една од зградите на Министерството за одбрана на Авганистан се наоѓа во близина на местото каде што се случи експлозијата . Најмалку триесет и четири лица загинаа, а шеесет и осум беа повредени во експлозијата, објави новинската агенција Ксинхуа. Повредените биле префрлени во болници.

Местото на експлозија е блокирано од полициски службеници. Според авганистанскиот телевизиски канал TOLO news, двајца милитанти, кои биле вклучени во терористичкиот напад, се сокриле во соседната зграда. Во моментот се  води вооружена престрелка со огнено оружје помеѓу терористите и агентите за обезбедување

Loading...

Related posts

Leave a Comment