Свет

На Шредер му се укинуваат привилегиите поради неговата поддршка за Русија

German ex-chancellor Schröder under fire for Putin link - BBC News

БЕРЛИН – Германската владејачка коалиција ќе ги укине придобивките на поранешниот канцелар Герхард Шредер поради поддршката на Русија.

Според весникот „Билд“ се планира укинување на можноста за користење на просторот, како и плаќање на персонал.

Конечната одлука треба да биде донесена утре, на седницата на комисијата за буџет на Бундестагот, јавуваат германските медиуми.

Германските власти постојаво повеќе наврати го повикуваа Шредер да поднесе оставка од неговите позиции во руски Роснефт, а му се префрлува и дека го оправдувал Владимир Путин во врска со Украина и дека Киев тропа со оружјето.

Инаку, поранешните канцелари во Германија имаат право на одредени привилегии, кои тешко се одземаат, бидејќи потпаѓаат под заштита на сопственоста.

Шредер досега имал на располагање седум вработени и шест соби во Бундестагот, кои државата ја чинеле 407.000 евра годишно.

Во март речиси сите функционери поднесоа оставки, а функцијата падна на едно лице.

ЦДУ/ЦСУ побараа укинување на сите привилегии на Шредер, вклучително и личното обезбедување и канцеларската пензија.

Но, владејачката Социјалдемократска партија на СПД не сака укинување на сите привилегии, туку само „завртување на финансиската чешма“.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!