Свет

Орбан: Унгарија ќе биде вовлечена во војната во Украина доколку победи опозицијата

Доколку опозицијата победи на парламентарните избори во недела, Унгарија ќе биде вовлечена во војната во Украина, вели Виктор Орбан.

Орбан, унгарскиот премиер, вели дека во интерес на Украина е да вклучи што е можно повеќе земји во конфликтот, а некои европски земји се подготвени да учествуваат „директно или индиректно“.Унгарија има свој интерес да остане настрана, рече Орбан.

Изборите во недела одговараат на прашањето дали земјата може да остане надвор од војната или ќе ја ризикува својата безбедност, посочи тој.

Левицата се договори со Украинците и Унгарија ќе биде вовлечена во војната доколку победи“, рече Орбан.

„Истовремено, одредени земји-членки на Европската унија или НАТО се исто така подготвени да и помогнат на Украина бидејќи мислат дека Украина ја води нашата војна. Тоа е погрешно, ова не е наша војна. Можеме да изгубиме сè и да не добиеме ништо“, рече тој.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!