Актуелно

Османи: Протоколот ќе го објавиме пред да биде потпишан (ВИДЕО)

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека Протоколот со Бугарија ќе биде објавен пред властите да го потпишат.

Османи вели дека во Протоколот, како и во целиот француски предлог нема ништо спорно, како и дека и Бугарите се незадоволни од предложениот компромис.

„Тие не се задоволни, затоа што треба да признаат македонски јазик, официјално во Европската унија. Тие не се задоволни што нема поглавја, што нема одредници… единствено што добија е промена на Уставот за да бидат внесени Бугарите. Ништо повеќе нема во францускиот предлог како компромис, освен тоа“, рече Османи.

Шефот на дипломатијата открива и зошто е оптимист дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи уставните измени, иако партијата најавува дека нема да го стори тоа.

 

Related posts

Leave a Comment