Свет

ПОМПЕО ОДБИ ДА СЕ СРЕТНЕ СО КОСОВСКИОТ КОРДИНАТОР, ХИСЕНИ

EU foreign ministers to hold talks with US counterpart Pompeo as rifts  fester

Американскиот државен секретар Мајк Помпео одби да се сретне со координаторот за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Скендер Хисени, според дипломатски извори во Вашингтон, пишува Лајми, пренесува „Косовска онлајн“.

Скендер Хисени во неделата отпатува за Вашингтон за да разговара со американските власти за иднината на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Но, првиот човек на американската надворешна политика одби да се сретне со Хисени, според Лајми .

Според медиумите, САД имаат за цел да дадат нов импулс и енергија на дијалогот меѓу Белград и Приштина, со директен ангажман на самиот Доналд Трамп, кој испрати две писма во кои ги повикува косовскиот претседател и српскиот претседател да постигнат договор.

Трамп исто така назначи специјален пратеник за дијалог. На тоа се спротивставија државите од Европската унија, кои инсистираа дијалогот да биде посредуван од нив, и покрај тоа што процесот беше одолговлечен подолго време заради недоволно ангажирање на земјите членки, пишува Лајми, пренесува Косово Онлајн .

Претходно денес приштинскиот „ Коха“ објави дека средбата со Помпео не е планирана и дека Хисени ќе се сретне само со специјалниот претставник за Западен Балкан, Метју Палмер, иако Хисени по пристигнувањето во САД изјави дека ќе се сретне со двајцата американски претставници.

Loading...

Related posts

Leave a Comment