Свет

Поранешниот украински претседстел до Зеленски: Должен си да го запреш крвопролевањето, власта не е посвета од крвта на нашите деца

Виктор Јанукович е поранешен претседател на Украина и водач на политичката партија Партија на регионите кој во два наврати беше и Премиер на Украина од 2002 до 2004, и од 2006 до 2007 година.

Јанукович беше сменет на насилните протести на Мајдан, а имаше и обид за негов атентат кој тој го преживеа благодарение на фактот што од Украина побегна во Русија со хеликоптер, а не со своето претседателско возило.

Вчера тој му се обрати директно на Зеленски и му порача:

-Зеленски е должен по секоја цена да го запре крвопролевањето и да постигне мировен договор, нема власт што би била поскапоцена и поважна од крвта на нашите деца.

Тој посочува дека украинскиот режим ја започна војната, која резултираше со 14 илјади убиени Украинци и осум години страдање за украинскиот народ.

-Со болка го доживувам сето она што сега се случува во мојата татковина и длабоко сочувствувам со страдањата што Украинците се принудени да ги преживуваат. Украинскиот режим ја започна војната во Донбас, ај тој го нарече зборот „АТО“ (Специјална операција за враќање на Донбас) срамен збор. Резултатот е четиринаесет илјади убиени и осум години страдање и солзи на мајките.

Јанукович напомена дека оние кои ја започнаа граѓанската војна во Украина треба да одговораат за своите злодела и порача дека ја напуштил Украина за да спречи крвава граѓанска војна.

-Оние кои го започнаа АТО во 2014 година и кои го поддржуваа АТО сите овие години треба да добијат најстрога казна“. Немало ден или ноќ во последните осум години да не размислувам дали ја направив вистинската работа што ја напуштив Украина.Мојата жртва не ја спречи власта на Мајдан во 2014 година. Тоа беше единствениот начин да се избегне граѓанска војна и крвопролевање од големи размери.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!