Свет

По одлуката на САД, Путин нареди да се состави нов список

Russia Election: Vladimir Putin to Run Again for President in 2018 |  Diplomacy & Beyond Plus

Откако американскиот претседател Џо Бајден објави забрана за увоз на руска нафта и гас и слична британска одлука за постепено укинување на руската нафта, рускиот претседател Владимир Путин нареди да се состави нов список, по моделот на оној на кој беа воведени санкциите кон Русија. .

 

Путин нареди извозот и увозот на одредени производи и суровини во земјата да бидат ограничени или забранети оваа година, според прописите што ќе ги постави владата. Ова произлегува од указот издаден во вторник за примена на посебни економски мерки во областа на надворешната економска активност за обезбедување на безбедноста на Руската Федерација, пишува руската агенција Тасс. 

Путин на тој начин побара од владата да направи список на производи или суровини чиј увоз и извоз ќе биде забранет, а на вториот список треба да се најдат производи и суровини чиј увоз и извоз ќе биде ограничен. 

Воедно, утврдено е дека мерките не се однесуваат на стока што ја превезуваат граѓаните за лични потреби.

Владата доби налог во рок од два дена да ги утврди списоците на странски држави кои ќе бидат засегнати со овие одлуки.

Дополнително, Кабинетот на министри е овластен со уредба да определи посебни мерки за одредени видови производи и одредени правни или физички лица.

Се забележува дека новите одлуки се донесени како дополнување на мерките предвидени со претходните укази на претседателот на Руската Федерација, вклучително и веќе споменатата одлука за „посебни економски мерки поврзани со непријателски дејствија“ на САД, ЕУ и други земји кои се приклучи на санкциите.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!