Свет

Претседателот на Филипини демонстрира фашизам: Кој нема да се вакцинира оди во затвор!

Metro Manila's quarantine status reverted to strict MECQ after frontliners'  plea

 

ФИЛИПИПИНСКИОТ претседател Родриго Дутерте денеска се закани со затвор за оние кои одбиваат да примат вакцина против вирусот корона.

„Вие бирате, вакцина или ќе ве испратиме во затвор“, рече Дутерте во телевизиско обраќање, по извештајот за слабиот одзив на вакцинацијата на повеќе локации во главниот град Манила.

Неговата изјава е во спротивност со претходните пораки на здравствените власти дека вакцинацијата е доброволна, иако се поттикнува на неа, пренесува Ројтерс.

– Не ме сфаќајте погрешно, постои криза во земјата. Јас сум огорчен од Филипинците кои не сакаат да ја послушаат владата – објасни Дутерте.

Тој веќе беше критикуван за неговиот груб пристап во борбата против инфекцијата, вклучително и цврстата одлука училиштата да бидат затворени.

Од 20 јуни, 2,1 милиони луѓе се целосно вакцинирани на Филипините, што е многу мал напредок со оглед на тоа што целта на владата е да имунизира до 70 милиони луѓе до крајот на годината.

Во земја со 110 милиони жители досега се потврдени над 1,3 милиони случаи на коронавирус, а повеќе од 23 000 луѓе починаа.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!