Економија

Приштина забранува увоз на македонски мед и компири на Косово

 

Приштина – Косовскиот министер за трговија и индустрија Ендрит Шаља објави дека министерството денес воведе забрана за увоз на компири и мед од Македонија.

Ова беше одговор на мерките преземени од страна на Скопје кон некои косовски производи, објави приштинска Коха.

Шаља во соопштението за печатот се вели дека од јуни годинава, кога  Македонија воведе тарифи за рибните производи од Приштина, таа поднела повеќе поплаки до Секретаријатот на ЦЕФТА и македонскиот министер за економија, но досега не добила одговор.

Со оглед на тоа што два месеци не доби одговор , тој беше должен да ја преземе оваа мерка за „да ги заштити интересите на Косово, косовските производи“ и да објави дека се преземени други дејствија во согласност со законот, објави приштинскиот весник.

„Денес, решив да воведам реципрочни мерки за производи од  Македонија увезени во Косово и да забранам влез на одредени производи, кои ќе ја принудат Република Северна Македонија да има еднаков третман за косовските производи извезени во таа земја“, рече Шаља.

Ако, како што вели, продолжи ваквиот третман на косовската стока, Приштина ќе преземе други мерки не само кон Северна Македонија, туку и кон другите земји.

 

Related posts

Leave a Comment