Свет

Путин: Доста беше, време е да донесеме одлука …

ГРМЕН ПУТИН Многу не исмевавте, време е да донесеме одлука ...

Претседателот Владимир Путин изјави дека е неопходно да се одлучи што понатаму по прашањето за Донбас, почнувајќи од ситуацијата на теренот.

Како што рече, Русија на почетокот правела се за на мирен начин да ги израмни противречностите меѓу Киев и Донбас.

Текот на настаните покажува дека актуелните власти во Украина немаат намера да ги спроведат договорите од Минск, додаде тој.

„Сегашните власти во Киев немаат намера да ги спроведат договорите од Минск. Згора на тоа, тие неколку пати го објавија тоа во јавноста, како на највисоко државно ниво, така и на ниво на министри за надворешни работи, Советот за безбедност“, рече Путин на седницата на Советот за безбедност.

Тој посочи дека пучот во Украина во 2014 година бил крвав. Како што наведе тој, властите во Киев двапати спровеле воени казнени операции во Донбас.

„Очигледно по трет пат сме сведоци на ескалација на ситуацијата“, рече Путин.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!