Свет

Ракетирана американска база во Сирија

Двајца членови на американскиот персонал се здобија со полесни повреди по ракетниот напад врз базата во источна Сирија, изјави денеска анонимен американски функционер за Ројтерс.

Едниот член на персоналот е веќе згрижен и отпуштен од болница, додека другиот мора да оди на лекарски прегледи поради трауматска повреда на мозокот, изјавија официјалните лица кои го искористија правото да останат анонимни, пренесува британската агенција.

Беше посочено дека овој проглас е даден според првите информации и дека истиот може да се промени.

Не е познато кој го извршил последниот напад, а американските власти се сомневаат дека тоа го направиле силите поддржани од Иран, бидејќи тие повремено ги таргетираат американските сили во Ирак и Сирија, јавува Ројтерс.

Related posts

Leave a Comment