Фудбал

Распад во Брајтон : Сериозна повреда на Лорис и ужасни Спарси

Распадот во Брајтон: Сериозна повреда на Лорис и ужасните Спарси

 

Фудбалерите на Тотенхем претрпеа убедлив пораз на гостински терен кај Брајтон (3-0) во осмиот натпревар во Премиер лигата, што исто така беше обележан со сериозна повреда на голманот на Спарс, Иг Лорис.

Францускиот чувар на мрежата се здоби со скршеница на раката во третата минута на натпреварот, а по неколку минути медицинска помош, со носилка беше  изнесен од теренот.

Сето тоа се случи кога топката во лет, која одеше директно во голот на Лорис, французинот се обиде да ја фати, но ја испушти и се здоби со сериозна повреда кога падна на тревата.

Во таа ситуација, Брајтон дојде во водство, со погодокот на Мопај кој нафрлената топка ја смести во празната мрежа.

Тоа беше, практично, почеток на крајот на составот на Маурициус Покетино, кој не успеа да се опорави до крајот и покажа исклучително лоша игра.

Во 32-та минута Галебите го дуплираа водството преку Коноли, а истиот фудбалер ги постави конечните 3-0 во 65-та минута со брилијантен удар во  аголот.

Тотенхем имаше само една добра шанса преку Лукас Мур во 90 минути игра на стадионот „Амекс“, но Метју Рајан интервенираше брилијантно. 

По убедливиот пораз во Лигата на шампионите против Баерн Минхен (7-2), екипата од Северен Лондон прими дури 10 гола за само четири дена и може да се каже дека се наоѓа во исклучително тешки моменти.

Спарси од осум одиграни натпревари имаат 11 бода и се шести на табелата. Брајтон го забележа својот втор триумф во сезоната и со девет бода се наоѓаат на 12то место на табелата.

Related posts

Leave a Comment