Свет

Русија: Во убиството на Дарја Дугина, освен Наталија Вовк, биле вмешани и други лица

Истражителите утврдиле дека во извршувањето на ова злосторство била вмешана Украинката Наталија Вовк, која изнајмила стан во зградата во која живеела Дарија Дугина, за да ја следи.

Руските истражители не ја исклучуваат можноста дека во убиството на новинарката Дарја Дугина биле вмешани и други лица, освен Украинката Наталија Вовк, по која Истражниот комитет има намера да распише потерница, информираше за Спутник прес-службата на Истражниот комитет. .

Истрагата планира да распише потерница по Наталија Вовк. Во тек е идентификација на други лица инволвирани во извршувањето на ова кривично дело“, се вели во соопштението на Комитетот.

Related posts

Leave a Comment