Руското Министерство за одбрана соопшти дека Украина има рок до раните утрински часови во понеделник наутро да даде одговор за предавањето на Мариупол, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на руската агенција РИА Новости.
Зеленски ја продолжува воената состојба, руските сили продолжуваат да навлегуваат!
Од 10:00 до 12:00 часот по локално време, руската страна предлага да се организира излез на украинските војници и странските платеници без оружје, во тој случај е гарантирано спасување животи, по што треба да се отворат хуманитарни коридори за евакуација на цивилите, според РИА Новости.
Претставниците на ОН, ОБСЕ и Црвениот крст се поканети да ја следат хуманитарната операција на теренот, се додава. Руското Министерство за одбрана го повика Киев „да биде разумен и да ги поништи претходно дадените упатства кои ги обврзаа милитантите во Мариупол да се жртвуваат“.
Москва инсистира писмениот одговор на Киев на овие предлози да се добие пред 5.00 часот по локално време.